Регистрирани се 417 нови и 9 починати лица

Сподели

 

Во последните 24 часа направени се 2.964 тестирања, а регистрирани се 417 нови случаи на КОВИД-19:
• Скопје – 155
• Прилеп – 31
• Куманово и Велес – по 26
• Кавадарци – 24
• Битола и Штип – по 17
• Крива Паланка – 14
• Кочани – 13
• Тетово – 11
• Охрид и Пробиштип – по 10
• Радовиш – 7
• Свети Николе, Делчево и Кратово – по 6
• Гевгелија, Ресен, Берово и Демир Хисар – по 5
• Струмица, Кичево, Неготино, Виница и Македонска Каменица – по 3
• Пехчево – 2
• Крушево – 1
 
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (60г и 64г) и Кочани (45г и 64г) и по едно починато лице од Куманово (75г), Тетово (79г), Штип (66г), Битола (82г) и Крива Паланка (38г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице со датум на смрт од 24.10.2021, од Скопје на возраст од 84 години, починат во болнички услови.
 
Регистрирани сe 329 оздравени пациент од:
• Скопје – 151
• Куманово – 35
• Велес и Штип – по 15
• Кавадарци – 14
• Кочани – 12
• Битола – 11
• Прилеп – 10
• Струмица – 9
• Гевгелија – 8
• Свети Николе – 7
• Неготино, Берово и Пробиштип – по 5
• Тетово, Кичево и Крива Паланка – по 4
• Кратово – 3
• Гостивар, Валандово, Богданци, Крушево и Пехчево – по 2
• Радовиш и Демир Хисар – по 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.378.530 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 201.708, бројот на оздравени пациенти е 188.024, на починати е 7.108, а бројот на активни случаи изнесува 6.576