Реконструкција на Античкиот театар во Охрид

Сподели

 

НУ Завод и Музеј Охрид започна со демонтажа и поставување на нова дрвена конструкција на античкиот театар во Охрид.

 

 

Просторот каде ќе се изведува демонтажата и поставувањето на новата дрвена конструкција ќе биде затворен заради безбедност на посетителите.

Инаку, по повод 18 април – Светскиот ден на културното наследство, денеска не се наплаќа влез во културно-историските знаменитости во градот.

Согласно тоа, посетителите бесплатно ќе можат да ги посетат музејската поставка во „Куќата на Робевци“, Самоилова тврдина, Галеријата на икони и Музејот на вода – „Градиште“.