Репертоар на КИНО УТРО 2022 во КИНОТЕКА

Сподели

 

Кинотеката, по традиција, првите денови од Новата година им ги посветува на најмладите љубители на филмот и на тинејџерите. Тие од средината на јануари 2022 година ќе имаат можност да погледнат неколку интересни наслови.
 
За најмладите гледачи од 13 јануари 2022 година ќе се прикажат популарните анимирани филмови: БИБИ, БОБИ И ЕДНА СНЕШКАСТИЧНА НОВА ГОДИНА, КАЛАМИТИ ЏЕЈН и ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ на пладневните проекции во Кинотеката. Со Биби и Боби младите гледачи ќе можат да се дружат и во попладневните проекции.
 
Тинејџерите ќе имаат можност да видат неколку играни филмови од поновата продукција.
 
Тоа се францускиот игран филм АНТОАНЕТА ВО СЕВЕНИТЕ и италијанските наслови БРАТ МИ БРКА ДИНОСАРУСИ и СТАКЛЕНОТО МОМЧЕ. За нив се резервирани вечерните проекции од 19.00 часот.