РесПублика: Дали руската инвазија врз Украина ќе се прелее на Балканот?

Сподели

 

 

Сликите од руско-украинскиот кофликт будат лоши сеќавања, но и страв кај луѓето од земјите од поранешна Југославија. Бомбардирањата, жртвите и бегалците се дел од поновата историја. Македонските безбедносни структури велат дека состојбата во земјава е стабилна. Србија е надвор од НАТО, Косово има нерешени проблеми со Белград, а Црна Гора е со кревка политичка состојба. Босна и Херцеговина останува најболна точка. Хрватска и Словенија освен од Алијансата се заштитени и од Европската Унија, но колку внатрешно се подготвени да спречат криза? Дали руската инвазија врз Украина може да се прелее на Балканот и како луѓето да се заштитат од хибридната војна и дезинформациите? Македонската телевизија во соработка со Институтот за комуникациски студии подготви емисија за состојбата од Скопје до Љубљана во која говорат професори, аналитичари, новинари и граѓани.

Оваа содржина ја изработи Институтот за комуникациски студии