Ретроспектива на филмови снимени од кинематографери лауреати на ИФФК „Браќа Манаки“

Сподели

 

Во пресрет на 45-тото издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера (ИФФК) „Браќа Манаки“ и 50-годишниот јубилеј на Кинотеката, во следните неколку месеци ИФФК, Кинотеката и Центарот за култура Битола ќе организираат ретроспектива на култни филмови чии кинематографери се досегашни лауреати на „Браќа Манаки“.

Кинотеката соопшти дека секоја среда од 20 часот ќе прикажува филмови од ретроспективата „Великаните на Браќа Манаки“, а во Центарот за култура Битола овие проекции ќе бидат секој понеделник од 20 часот.

Ретроспективата ќе почне на 7 февруари со филмот „Персона“ од 1966 година на шведскиот кинематографер Свен Никвист, двоен оскаровец и добитник на првата награда Златна камера 300 за животен опус на ИФФК „Браќа Манаки“. Режисер на филмот е Ингмар Бергман.  

На 14 февруари ќе биде прикажан филмот „Париз, Тексас“ снимен од холандскиот кинематографер Роби Милер, добитник на Специјалната златна камера 300 за посебен придонес во светската филмска уметност во 2002 година и Златна камера 300 за животен опус во 2016 година. Режисер на филмот е Вим Вендерс. На 21 февруари на програмата е филмот „Гоемиот Лебовски“ на британскиот кинематографер Роџер Дикинс, добитник на Златната камера 300 за животен опус во 2018 година. Филмот е во режија на браќата Џоел и Итан Коен. Филмот „Влези во приказната“ на белгискиот кинематографер Беноа Деби, добитник на Златна камера 300 во 2010 година, а во режија на  Гаспар, е последниот филм од ретроспективата и ќе биде прикажан на 28 февруари.