“Ретвитни оброк”: Готвиме за сите гладни!

Сподели

“Ретвитни оброк”, Спомен куќа Мајка Тереза, 15.јуни

И во неработните денови и топли продолжени викенди, нашите гладни, бездомни и сиромашни граѓани го чекаат својот единствен оброк во денот.
Да одвоиме малку од своето време, продукти по дома и да им зготвиме нешто вкусно.

*Во петок е Духовден, па наместо да ја оставате храната да скапува на гробиштата и да се создава отпад, по посетата и ручекот, останатото поделете го на некој што навистина ќе му значи. За душа ♥

И овoј петок готвиме, а во сабота делиме оброци за нашите сограѓани и секој е добредојден да се вклучи:

– Да помогне во подготовка и пакување на оброците во петок од 14 часот (во просториите на Гласност, ул. Петар Поп Арсов бр.6, Скопје);

– Да подготви неколку оброци од дома и да ги донесе во сабота во 13.30 часот на погоре наведената локација (за амбалажи и намирници контактирајте нè во порака или на групата)

– Да донира намирници кои ќе се искористат за подготовка на оброци (ориз, тестенини, месо, зеленчук за салати итн.) во Freshys – Фрешис или во Гласност.