Земјотрес со јачина од 5,4 степени го погоди италијанскиот град Рим.
Потресот се случил околу 10:30 часот по локално време и бил регистриран 110 километри североисточно од Рим, а на длабочина од 10 километри. Агенцијата Спутник повикувајќи се на локалните медиуми пренесува дека во тек е евакуација на присутните во градското метро.
Досега нема информации за повредени или за причинета поголема материјална штета.