Ристовска: Сè уште нема одговор за тоа како Иванов дозна за тајните предмети на СЈО

Сподели

13384659_1617287371919701_1920469411_n-860x680

„Очекуваме и веруваме дека претседателот ќе ги почитува своите уставни обврски и дека ќе овозможи реализација на владеење на правото. Сè уште го очекуваме одговорот на прашањето што му го упативме, во врска со тоа од каде Иванов има информации за наши тајни предмети“, изјави на денешната прес-конференција Ленче Ристовска, обвинителка и портпаролка на Специјалното јавно обвинителство.

Таа истакна дека истрагите и предистражните постапки продолжуваат.

– Јавноста знае дека имаме отворено седум истраги во кои се опфатени 60 лица. Предистражните постапки се во континуиран пораст, а моментално сме фокусирани на финансиски истраги за кои е потребно малку повеќе време за да се соберат сите податоци. Со ова сакаме да покажеме дека криминалот не е активност која се исплати и дека освен кривична одговорност, виновните ќе поднесат и материјална одговорност – вели Ристовска.

Ристовска: Сè уште нема одговор за тоа како Иванов дозна за тајните предмети на СЈО