Во првата полусезона во најсилната домашна конкуренција, РК Алкалоид одигра 14 натпревари, победи на 11, a само на три средби не успеа да освои бодови. На конечната табела го освои второто место во групата со вкупно 33 бода.
Нападот на РК Алкалоид е најдобриот во есенскиот дел на првенството и во двете групи од Суперлигата. Офанзивната формација постигна 474 гола и тоа е најдоброто остварување, пред нападот на Вардар кој има постигнато 465 погодоци и на Е. Пелистер кој пак постигна 454 гола. Ова се и единствените три екипи што постигнаа повеќе од 400 гола во првиот дел од сезоната.
Одбраната прими 348 гола и тоа е четврто остварување, но РК Алакалоид има и позитивна гол разлика од дури 126 гола што е трето остварување зад Вардар и Е. Пелистер. Ова се воедно трите екипи што имаат гол разлика +100 гола.
Најдобар стрелец во нашиот тим е Мартин Серафимов кој постигна 90 гола или во просек 6.4 по натпревар. Втор на листата на стрелци е Александар Петковски со 44 погодоци, па следат Дарио Кофилоски со 42 погодоци и Александар Стојков кој запиша 39 гола.
На листата на стрелци се запиша и еден од чуварите на мрежата. Младиот Иван Галевски е стрелец на три погодоци.
Четири ракометари беа во ростерот на сите 14 натпревари. Тоа се Мартин Серафимов, Михајло Младеновиќ, Кристијан Симоноски и Дарио Кофилоски.
Мартин Серафимов и Кристијан Симоноски постигнаа најмалку по еден гол на сите 14 натпревари.
Највисоката победа РК Алкалоид ја извојува на домашен терен над МРК Куманово. Резултатот од овој натпревар е 47-16, плус 31 гол.
На пет натпревари, нападот постигна 40+ голови. Најмногу голови на еден меч постигна Мартин Серафимов. Тој беше стрелец на 12 гола на мечот во Охрид (победа 29-28), додека Дарио Кофилоски постигна 11 погодоци во победата од 47-16 над МРК Куманово.
Ракометарите на РК Алкалоид изнудија 63 седмерци односно 4.5 седмерци по натпревар. Од нив реализираа 44.
Вкупно 1 час и 46 минути сино-белите беа со играч помалку во поле, односно заработија 58 исклучувања. Тоа се 4,1 по натпревар или заокружено, осум минути со играч помалку на секој меч.
Најмногу исклучувања во екипата имаше на натпреварот со Вардар во Неготино. Дури девет пати играше РК Алалоид со исклучен играч.
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ
1. Мартин Серафимов 90 гола
2. Александар Петковски 44 гола
3. Дарио Кофилоски 42 гола
4. Александар Стојков 39 гола
5. Игор Ѓоргиев 33 гола
6. Марко Стојковиќ 32 гола
7. Кристијан Симоноски 32 гола
8. Марко Митев 30 гола
9. Михајло Младеновиќ 28 гола
10. Михаил Иваноски 25 гол
11. Божидар Илиески 25 гола
12. Теодор Тодески 24 гола
13. Давид Димевски 14 гола
14. Никола Маркоски 9 гола
15. Едвин Омерагиќ 6 гола
16. Иван Галевски 3 гола
17. Јане Цветковски –
18. Благојче Трајковски