Родителите на децата со посебни потреби остануваат во шаторите

Сподели
По првата ноќ помината под отворено небо, родителите на децата со посебни потреби се сретнаа со пратениците и од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ. На средбите добија ветувања од двете страни, но сепак не се откажуваат од намерата да спијат пред Собранието, со надеж дека барањата сепак ќе станат реалност.
„Се расправаше многу години наназад, се дадоа ветувања дека ќе се забрзаат работите и останува да видиме. Сакаме да веруваме и се надеваме. Затоа сме тука.“ – изјави Сузана Стојановска, родител на дете со посебни потреби.
Тие секој месец ќе кампуваат по три дена пред Собранието. На ваков чекор се одлучиле откако претходните обиди да ги решат проблемите не успеале. Институциите останале глуви на барањата за соодветен кадар и терапија за нивните деца, укинување на старосната граница до 26 години за здравствено осигурување, како и грижата за децата, по смртта на родителите.