Денеска Собранието ќе гласа за предлогот на премиерот Зоран Заев да бидат разрешени министерот за странски инвестиции Аднан Ќахил и министерот за имплементација на Стратегијата за Ромите, Аксел Ахмедовски, а потоа за изборот на нивните заменици.
За нови министри премиерот ги предлага Елвин Хасан за странски инвестиции и Музафер Бајрам за имплементација на Стратегијата за Ромите.
Потоа пратениците во прво читање треба да гласаат и за пакетот судски закони, кои се со европско знаменце.
Тоа се Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за судовите, потоа Предлог-закон за прекршоците, Предлог-закон за Судскиот совет, Предлог-закон за управни спорови, предлог-закон за извршување на санкциите.
Во скратена постапка ќе се гласа за донесување на законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, кој е предложен од пратениците од владејачката коалиција.