Рокот за барање за амнестија истекува утре

Сподели

Рокот за доставување на барањата за амнестија за настаните од 27 април 2017 година, истекува утре. По истекот на на рокот за поднесување на барањата, Судот и Обвинителството ќе имаат рок од пет дена да одговорат кој ќе биде помилуван.

Законот за амнестија во четвртокот минатата недела беше објавен во Службен весник на Република Македонија, откако го потпиша претседателот Ѓорѓе Иванов.

До денеска до Кривичниот суд во Скопје се пристигнати 12 барања за амнестија.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.

Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.