Романскиот парламент го поддржа планот за референдум за антикорупциските реформи

Сподели

 

Романскиот парламент едногласно го поддржа планот на претседателот на државата Клаус Јоханис да организира референдум за антикорупциските реформи. Гласањето во парламентот е вообичаена процедура, но неговото мислење за одржување на референдумот не е обврзувачко.

Јоханис, некогашен член на десничарската опозиција, ја нападна владата поради уредбите со кои се штитат десетина јавни функционери од кривично гонење.

Романскиот претседател сега мора да одлучи кога ќе се одржи референдумот.

Иако за текстот на гласачкото ливче одлучува претседателот, тој минатиот месец рече дека сака да одржи гласање за да види „што сакаат граѓаните на Романија“.

Според законот, пред гласањето мора да се одржи кампања во траење од 30 дена.

Масовните улични демонстрации ја принудија владата да ја повлече спорната уредба за декриминализација на поедини случаи на корупциja.