РСЕ: Билд во Скопје на разговори со партиски претставници

Сподели

Копретседавачот на аналитичкиот институт Европски совет за надворешни работи Карл Билд престојува во Скопје на разговори со претставници на политичките партии во врска со кризата во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и Беса потврдија дека нивни претставници денеска ќе имаат средби со Билд. Од Кабинетот на претседателот на Македонија информираа дека било побарано Карл Билд да се сретне и со Ѓорге Иванов, но оти денешната негова агенда била поинаква.