Русија: Евакуирани 92 објекти поради дојава за бомба

Сподели

Повеќе од 15.000 лица во 92 објекти се евакуирани во текот на вчерашниот ден во шест руски градови поради закана за бомба.

– Во текот на вчерашниот ден примени се анонимни акани за бомба во Москва и градовите Петропавловск Камчатски, Анжеро Суџенск, Саратов, Ставропољ и Михаиловски. Полицијата морала да евакуира 15.300 лица од 92 објекти, за да се изврши проверка – соопшти претставник за агенцијата „Тас“.

Евакуирани се руската Дума, Московскиот државен универзитет, шопинг центри, здравствени установи, школи, автобуски станици, затвор и уште неколку објекти. Полицијата по претресите утврдила дека станува збор за лажни дојави, бидејќи не е пронајден ниту еден сомнителен пакет.

meta.mk