Русија и САД ќе се координираат за воените мисии во Сирија

Сподели

su-35-860x680

Москва и Вашингтон се договорија дека треба да имаат подобра координацијата за да се избегнат инциденти за време на воени мисии во Сирија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Воени официјални претставници од двете држави постигнаа договор за време на видео конференција“, стои во соопштението.

Пентагон вчера соопшти дека покренале истрага за минатонеделните руски воздушни напади врз позиции на сириската опозиција, која е поддржана од САД.

Русија и САД ќе се координираат за воените мисии во Сирија