Русковска за „Политика“: Груевски ќе го стигне правдата

Сподели

Шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на Република Северна Македонски, Вилма Русковска во денешното  интервју за белградска „Политика“ истакнува дека за Груевски не била издадена меѓународна потерница затоа што кога ја напуштил државата, се уште не бил правосилен неговиот упат/налог за издржување на казната затвор.

-Неговата лична карта не беше одземена затоа што тоа не е предвидено во Законот, а и секако мора како и секој граѓанин да има исправа за лична идентификација. Му беше одземен само пасошот, рече Русковска.

Таа додава дека Груевски „уредно се придржувал“ на сите превентивни мерки кои му ги одреди судот до самото „илегално напуштање на државата“, како и тоа дека досега ниедна државна институција не е под истрага.

Во интервјуто посочува дека во Обвинителството со кое раководи, се води процесот за бегството на Груевски, кој има политички азил во Унгарија, и истакува дека е „многу индикативно” тоа што Албанија на Македонија и нема доставено видео снимки кои, како според Русковска би биле од голема помош за да се утврди на кој граничен премин влегол во Албанија и, следствено на тоа, на кој граничен премин ја напуштил Република Северна Македонија.

-Многу важно ни беше да ни беа доставени „сејф сити“ снимките од Тирана во критичниот период и се она околу Амбасадата на Република Унгарија.  Зошто не одговорија на нашето барање за меѓународна правна помош, не ми е познато, рече Русковска.

Според неа, не постои одговорност на Србија и Црна Гора, кога станува збор за бегството на поранешниот македонски премиер Никола Груевски.

Рускоска, која денеска е во посета на Белград, каде што со српскиот и романскиот колега ќе разменат искуства за организираниот криминал во овие земји, во интервју за весникот изјави дека постои „исклучителна соработка” со сите обвинители во Србија.

Во интервјуто таа се осврнва и на спречената терористичка акција на Исламската држава во Северна Македонија и регионот, која ја спроведе обвинителството во соработка со САД.

-Станува збор за луѓе кои биле припадници на Исламска држава и кој војувале на Блискиот Исток, како и за нивните следбеници. Ова беше превентивна акција на полицијата. Во овој момент се врши форензичка анализа на предметите одземени во оваа акција, истакнува Русковска во интервјуто за српска „Политика“.