Стејт департментот на САД побара семејствата на дипломатите од американскиот Конзулат во Истанбул да го напуштат градот поради безбедносни причини.
Oдлуката е во врска со „информација“ за екстремистички групи кои продолжуваат со агресивни обиди да нападнат граѓани на САД во Истанбул.
Наредбата се однесува само за геенралниот Конзулат на САД во Истанбул и не важи за други американски мисии во Турција. Во изјавата на Стејт департментот се нагласува дека постои закана за американски државјани од терористички групи на територијата на цела Турција.