Вести Свет

САД со наредба до семејствата на дипломатите од Конзулатот од Истанбул да го напуштат градот

Сподели:

istanbul

Стејт департментот на САД побара семејствата на дипломатите од американскиот Конзулат во Истанбул да го напуштат градот поради безбедносни причини.

 Oдлуката е во врска со „информација“ за екстремистички групи кои продолжуваат со агресивни обиди да нападнат граѓани на САД во Истанбул.

Наредбата се однесува само за геенралниот Конзулат на САД во Истанбул и не важи за други американски мисии во Турција. Во изјавата на Стејт департментот се нагласува дека постои закана за американски државјани од терористички групи на територијата на цела Турција.

Сподели: