САД: Трамп евакуиран сред говор, откако некој викнал „пиштол!“

Сподели

Републиканскиот кандидат за американски претседател, Доналд Трамп на кратко беше отстранет од агентите кои го обезбедуваат во текот на говор на бината во градот Рино, Невада.

Човек кој држел транспарент на кој пишувало „Републиканците против Трамп“ бил совладан од безбедносните служби, по тврдења дека има пиштол. Трамп по неколку минути се вратил на бината и го продолжил говорот.

„Никој не рече дека ќе биде лесно за нас… им благодарам на агентите од обезбедувањето“, рече Трамп по враќањето на сцената.

Службата која ги обезбедува претседателските кандидати, подоцна потврди дека некој во публиката викнал „пиштол“, но откако се извршил темелен претрес на лицата на таа локација не било најдено оружје.

Остин Критс, човекот во центарот на инцидентот, рекол дека бил нападнат кога го истакнал транспарентот.

„Повторував – некој сака да ме задуши – и им реков на овие луѓе, немам пиштол, имам само транспарент“, рекол тој по инцидентот.

За време на инцидентот паника настанала и меѓу присутните. Дел од нив легнале на подот, додека останатите истрчале кон излезите.

anketi

Според последните анкети пред изборите во вторник, разликата помеѓу Трамп и демократскиот кандидат Хилари Клинтон е тесна. Според збирното следење на повеќе анкети – Клинтон е во водство со 46%, додека Трамп има поддршка од 44% од американските гласачи. Сепак овие анкети се однесуваат на национално ниво, додека одлуката кој ќе биде следен претседател се очекува да ја дадат токму државите како Невада и Флорида – каде кандидатите ги имаат фокусирано последните денови од кампањата.

radiomof.mk