Самит за женско претприемништво во Скопје

Сподели

 

Денеска и утре во Скопје ќе се одржи третиот годишен Самит на Националната платформа за женско претприемништво, чија тема е „Жени во претприемништвото – клуч за зајакнување на економијата“.

Здружение на бизнис жени, во партнерство со Фондацијата за Менаџмент и Индустриско Истражување и Сојузот на Стопански Комори на Македонија се  организатори на најголемиот Самит за женско претприемништво дел од Националната платформа за женско претприемништво проект кофинансиран од ЕУ.

Третиот Годишен Самит на Националната Платформа за Женско Претприемништво (weplatform.mk), со тема “Жени во Претприемништвото – Клуч за Зајакнување на Економијата” претставува меѓународен настан со преку 100 учесници каде ќе има присуство на претставници од Државните институции, Министерства, Комори и организации кои работата со женско претприемништво како и жени претприемачки.

Националната Платформа за Женско Претприемништво претставува зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за креирање предлози за јавни политики и застапување во областа на женското претприемништво. Ова се постигнува преку интеграција на постоечките мрежи во една обединета платформа, што го застапува интересот на жените претприемачи на сите нивоа.

На Самитот ќе бидат доделени награди за најуспешна претприемачка во микро, мали и средни претпријатија а исто така ќе бидат наградени и Најдобра млада лидерка и избрана најдобра граѓанска организација која има добра практика.

Преку разновидните панели учесниците ќе имаат можност да дискутираат за Улогата на националните, регионалните и локалните институции во јакнењето на женското претприемништво и поддршката која ја добиваат жените претприемачки. Преку интернационалниот панел реномирани гости од странство ќе зборуваат за Зајакнати жени во претприемништво преку интернационално здружување каде ќе биде отворена дискусија за можности и членувањето на жените претприемачки во различни мрежи и здружувања. Последниот панел ќе им овозможи на учесниците да се запознаат со Успешните приказни на жените претприемачки и исто така да бидат дел од работилниците за Финансиски менаџмент и Обезбедување финансии/односи со инвеститори.

Самитот овозможува Б2Б средби и споделување на најдобри практики со идеи за промоција, развој и поддршка на женското претприемништво во регионот.