Само Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ гласаше ЗА одземање на платата на бегалецот Груевски

Сподели

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова, која беше претседателка на Унијата на жени на партијата во времето кога претседател беше Никола Груевски, беше единствената од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која гласаше „ЗА“ одземање на пратеничката плата на бегалецот Груевски, осуден на двегодишна затворска казна за случајот „Тенк“.

Другите 51 глас „за“ дополнувањата на Законот за пратеници ги обезбедија пратениците од парламентарното мнозинство.

Законските измени беа донесени со 52 гласа „ЗА“ и само два „ВОЗДРЖАНИ“ на спикерот Талат Џафери и на поранешниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

Опозициските пратеници воопшто не гласаа за дополнувањето на Законот за пратеници, откако претходно Зоран Илиоски оцени дека решението што го предложија владејачки пратеници е спротивно на Уставот. Во гласањето не учествуваа, исто така, осумтемина исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои сега се независни.