Само така ќе остане во ПСЖ – Што побарал Меси за продолжување на договорот?

Сподели

Loading

Лионел Меси е фудбалер на ПСЖ само три месеци, а во Париз прават се за продолжување на соработката.

фото:Profimedia

Меси има понуди да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, Аргентина, САД, но и да се врати во Барселона, но во најдобра преговарачка позиција е ПСЖ, кои веќе подолго време разговараат со најдобриот светски фудбалер.

Тие се надеваат дека ќе може да го задржат на „Паркот на принцовите“ и покрај тоа што повторно не ја освоил Лигата на шампионите.

На крајот, проблемот се парите, бидејќи француските медиуми пишуваат дека Лионел Меси побарал огромна сума пари за да остане во Париз, што не го очекувале од Аргентинецот кој влезе во 36-тата години и не е моќен како некогаш што беше.

„Нема да биде лесна задача. Меси во преговорите и дава приоритет на понудата на Париз, но постави два услови за продолжување на договорот. Прашање е само како на тоа ќе реагираат челниците на клубот.. .“, пренесуваат француските медиуми и пренесуваат дека Меси барал дури 40 милиони евра по сезона (колку што има сега), но и услов секогаш да има место во стартниот состав без разлика кој бил тренер.

,,Меси го прави тоа затоа што сака да остане во форма бидејќи планира следната година да ја игра Копа Америка со Аргентина“, пренесуваат медиумите на малку чудното барање на Аргентинецот.

Да потсетиме, се шпекулира дека и Килијан Мбапе и Нејмар летово ќе го напуштат ПСЖ, па тоа би му отворило простор на клубот да му плати на Лионел Меси, но тој е најстариот играч од „ударното трио“.

Меси во Париз одигра 65 натпревари и постигна 29 гола и асистираше на уште 32, а освои само два трофеја, титулата во домашното првенство и францускиот Суперкуп.

The post Само така ќе остане во ПСЖ – Што побарал Меси за продолжување на договорот? first appeared on .

Powered by WPeMatico