Самостојна изложба “КОДИРАЊЕ” на Тома Димовски

Сподели
 
Самостојна изложба “КОДИРАЊЕ” на Тома Димовски, 16-ти декември (сабота), во 13 часот, Музеј на Македонија
 
Денес секој може било за која слика да направи код, а и самата вештачка интелигенција може сама да прави слики по кодови. Но што се случува со магијата која ја има гледањето на уметничките дела во живо? Дали дигитализацијата ја банализира уметноста или овозможува да биде подостапна? Дали дигитализацијата го избанализира животот воопшто, сведувајќи ги емоциите на кодови?
 
 
Да се зборува за Тома…
Не случајно самиот наслов на овој текст наликува на почеток. На почеток на некоја промисла, некое писание кое треба да одгатне некаква вистина, некакво чувство за некого. За некој друг, за некој во трето лице, за некого кого би го познавал, кој би го коментирал, кој би го опеал или толкувал во кураторски текст. Текст кој би се обраќал на колегата, на уметникот кој претставува свое дело пред јавноста.
Ова во никој случај не е таков текст. Ова по ниту едни стандарди не би посакал да биде таков текст. Невозможно е да се ставам во рамка од кој било аспект пишувајќи ги овие зборови, а да размислувам за Тома.
……..
Извадок од кураторскиот текст на Велимир Жерновски кон изложбата „Кодирање“
 
 
 
Изложбата е поддржана од Министерството за култура на РС Македонија, во рамки на конкурсот за проекти од национален интерес во визуелната дејност