Санкционирани 173 возачи во Скопје, 44 за пребрзо возење

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.06.2021) продолжи со контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје изречени се вкупно 173 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 20 санкции за управување возило под дејство на алкохол, 10 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 19 санкции за управување без возачка дозвола.

Исто така, изречени се пет санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за некористење сигурносен појас, осум за користење мобилен телефон при управување возило.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.