Санкционирани 258 возачи во Скопје – 16 за возење без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои 16 за возење без возачка дозвола, 9 санкции за некористење на сигурносен појас, 19 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за користење на мобилен телефон и 8 санкции за минување на затворен семафор (црвено светло). Изречени се 84 мерки за непрописно паркирање и 76 возила се подигнати со специјално возило „пајак“. За неносење на  заштитна маска изречени се 23 санкции. 

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.