Санкционирани 278 возачи во Скопје – 30 без возачка дозвола

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 278 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 30 санкции, 16 мерки за нерегистрирани возила, 12 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 5 санкции за недавање првенство на минување на пешаци, 80 мерки за непрописно паркирани возила, 48 возила се подигнати од „пајак“ службата и 18 санкции за неносење заштитна маска.    

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.