Санкционирани 37 автобуси што вршат превоз на ученици, еден возач без лиценца

Сподели

 

Денеска на територијата на државата спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.

При контролата  констатирано е едно кривично дело по член 284-а од Кривичниот законик за возење без соодветна лиценца.

Констатирани се 37 сообраќајни прекршоци, а на вонреден технички преглед биле упатени 14 возила.

Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.