Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на цела држава, за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 395 возачи.
Од нив 15 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 186 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 209 надвор од населено место.
МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.