Во текот на вчерашниот ден на територијата на државата, спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици. При контролата констатирани се 43 сообраќајни прекршоци. На вонреден технички преглед биле упатени 18 возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
МВР апелира сите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.