Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Сарај изречени се вкупно 65 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 15 санкции, 7 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 9 санкции за користење мобилен телефон.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.