Санкционирани се 1.610 возачи на мотоцикли во месец август

Сподели

 

Во текот на месец август 2023 година, спроведени беа сообраќајни контроли на територијата на државата за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 1610 возачи.

Од нив, 999 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 313 возеле без возачка дозвола, 50 мотоцикли биле одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.