Санкционирани се 260 возачи за брзо возење

Сподели

 

Во текот на вчерашниот ден (17.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 260 возачи.

Од нив 18 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 100 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

МВР апелира сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.