САНТА АРГИРОВА ИЗБРАНА ЗА ГЛАВЕН УРЕДНИК НА ИНФОРМАТИВНАТА ПРОГРАМА НА МТВ

Сподели

santa9

Новинарката Санта Аргирова ќе биде главен уредник на Информативната програма на МТВ во периодот од 100 дена, до датумот кога ќе се закажат предвремени парламентарни избори. Ова кадровско решение на СДСМ го прифати ВМРО –ДПМНЕ на денешната лидерска средба.

Како што вели, „100 се само 100, но сепак важни 100 дена и затоа ќе треба екстра напор и екстра залагање“. Аргирова е убедена дека со колегите од Информативната програм на МТВ, со посветена и професионална работа, ќе се дојде до потивитен извештај за работата на јавниот сервис.

 „Уредник на информативната програма на МТВ е централното место на јавниот радиодифузен сервис. Мојата задача е да се оствари правото на граѓаните на непристрасно, точно и избалансирано информирање, зашто сите имаат право на објективна информација. Извештаите на ОБСЕ ОДИХР и извештаите за напредокот на Македонија, последните неколку изборни циклуси и години се поразителни за јавниот сервис и мојата задача ќе биде тоа да се промени и МТВ, односно Информативната програма на МТВ да добие највисока оценка за професионалност“, изјави Аргирова заЦИВИЛ Медиа.