Сашко Коцев гостува со стендап „Широк дијафазон“ во Крива Паланка

Сподели

Сашко Коцев ќе гостува  со својот стендап „Широк дијафазон“  во НУ Центар за култура Крива Паланка, на 7 јуни, со почеток во 20 часот.    

Со  својот препознатлив  хумор во целовчерниот настап Сашко Коцев ќе се осврне на   машко-женските односи, аномалиите во општеството, забавните ситуации од секојдневието и на многу теми од животот,опкружувањето…

Цената на влезницата чини 300 денари, а средствата се наменети за фондот  од кампањата „Концертен клавир за Крива Паланка-Градот на културата“.

Стендап настапот на Сашко Коцев е дел од програмата на манифестацијата „Крива Паланка-Град на културата за 2024“.