МОН ги остави студентите на цедило, срамно и понижувачки е да се укине бесплатниот јавен превоз. Срамно и понижувачки е да се укине бесплатниот јавен превоз за студентите! Додека на билетарниците не се продолжуваат билетите за бесплатен превоз за 2025 година, министерката Јаневска молчи.
На само недела и пол до новата 2025 година, од ресорното министерство за образование и наука, не знаат колку и дали ќе има пари за билети за бесплатен јавен превоз за студентите. Но, во обид да избегнат одговорност, ја префлраат вината кај градоначалничката на Град Скопје.
Укинувањето на бесплатниот јавен превоз ќе биде директен удар врз стандардот на студентите. Студентите заслужуваат минимум почит од Вас и од вашата партија, а не да ги оставите на цедило! Заслужуваме конкретен одговор и Ве повикуваме да го послужате гласот на студентите! Кога може да ги зголемувате непродуктивните трошоци за стоки и услуги во Буџетот за 2025 година, тогаш зошто сме ние младите помалку важни од купувањето нови автомобили, мебел, и други непотребни трошоци?
Тоа што ние го бараме, не е некој луксуз, туку неопходност и потреба, особено во услови кога гледаме дека сите трошоци за живот вртоглаво растат.
Само да потсетиме дека и во време на најтешките кризи како ковид и енергетската криза, студентите периодот на Владата на СДСМ, не беа оставени на цедило.
Имаше и бесплатен јавен превоз и студтенски оброк. Дополнително, студентите беа офатени и во мерките од антикризните пакети, меѓу кои имаше и мерки за превоз. Ова е вистинска грижа!
Студентите не се само статистичка бројка! Ние младите сме движечката сила и иднината на ова општество. Заслужуваме да имаме пристојни услови за живот и функционален образовен систем согласно нашите потреби.
Ја повикуваме министерката Јаневска и ДПМНЕ, да обезбедат пари за билети за бесплатен јавен превоз на студентите.
СДММ дава целосна и безрезервна поддршка на студентските здружувања кон нивните барања, порача Јовица Јанковиќ – потпретседател на СДММ.