СДСМ: 12 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок до пензија

Сподели

 

“Како одговорна партија чиј приоритет се граѓаните, СДСМ продолжува со реализација на мерки и политики кои го подобруваат животот на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ го усвои Предлог Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизација на претпријатијата во доминантна државна сопственост, кој во јавноста е познат како Закон за стечајци.

Со измените на Законот за стечајци, се проширува опфатот и нови 1.000 стечајни работници ќе добиваат месечен паричен надоместок се до моментот на нивното пензионирање.

Досега, Законот за стечајци опфаќаше 11 илјади стечајни работници, а со новите измени 12 илјади стечајни работници ќе добиваат месечен надоместок  од околу 8.200 денари до нивното пензионирање.

Продолжуваме со грижа за сите граѓани, и токму со оваа мерка се исправа децениската неправда кон наши сограѓани кои не по своја вина останале без месечни примања  и без работа.

Градиме општество кое нуди фер и еднаква шанса за сите.

Низ вистински и развојни мерки обезбедуваме повеќе пари за секое семејство и достоинствени услови за живот.

Сите граѓани се важни” – се вели во соопштението на СДСМ.