СДСМ: Богов ја префрли одговорноста на Миноски, но што барал гувернерот на конференциската врска

Сподели

sdsm-sedishte

„Гувернерот Димитар Богов не може да ја избегне одговорноста од огромното 450 милионско задолжување на граѓаните на Македонија што е еднакво на финансиско злосторство. Богов денеска се обиде да се брани дека за издавањето на еврообврзницата одлучувало Министерството за финансии“, се вели во соопштението на СДСМ, по повод одговорот на гувернерот Богов дека одлуката за издавањето на еврообврзницата е на Министерство за финансии.

Од СДСМ прашуваат што барал Богов кога течела конференциската врска со кредиторите во понеделникот, кога се договори скандалозното задолжување.

– Богов е соучесник во незаконското задолжување на граѓаните. Тоа го покажува и неговото појавување денеска до министерот за финансии Миноски. Катастрофално за граѓаните на Македонија е што имаат гувернер марионета, кој наместо чувар на народната каса е чувар на интересите на Никола Груевски и на неговите соработници. Вистината околу учеството на гувернерот Димитар Богов во историското задолжување на граѓаните бргу ќе излезе на виделина – велат од СДСМ.

Оттаму додаваат дека сите инволвирани лица во издавањето на незаконската 450-милионска еврообврзница ќе одговараат.

Извор:http://meta.mk/sdsm-bogov-ja-prefrli-odgovornosta-na-minoski-no-shto-baral-guvernerot-na-konferentsiskata-vrska/