СДСМ го замрзна учеството во Собранието

Сподели

Zaev-3

СДСМ и нивните коалициски партнери ја замрзнуваат работата во Собранието додека Уставниот суд не се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, рече денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Тој ги повика и другите пратеници да не учествуваат во работата на Собранието затоа што имаат обврска кон граѓаните и со тоа ќе ја покажат нивната поддршка за СЈО.

– Ова не е целосно напуштање на Собранието, туку само потсетување дека сите пратеници гласаа за СЈО и сите треба да дадат поддршка за неговата работа. Сите рокови се пробиени, а трпението на граѓаните е при крај. Уставен суд треба што поскоро да се изјасни за иницијативата за СЈО. Иницијативи поднесени од ВМРО-ДПМНЕ се решаваат за седум дена, а иницијативата за СЈО чека осум месеци – рече Заев.

СДСМ го замрзна учеството во Собранието