ВМРО-ДПМНЕ не престанува со создавање на лажни вести преку кои очајнички се обидува да ги сокрие последиците од децениското криминално владеење и стравот од извесниот пораз на локалните избори.
Разбирлива е паниката што владее во ВМРО ДПМНЕ од причина што наскоро ќе се обелоденат криминалите што се правеле во енергетските компании. Граѓаните ќе видат какви криминални дејствија плаќале преку цената на електричната енергија.
ВМРО-ДПМНЕ лаже дека цената на електричната енергија ќе поскапи. Напротив, граѓаните наскоро ќе користат евтина тарифа на струјата во текот на денот и за време на викенд. А евтината тарифа ќе биде обезбедена со домаќинското работење на ЕЛЕМ и МЕПСО. Владата на СДСМ ќе ја врати придобивката на евтина дневна тарифа за секој граѓанин, што им беше одземена. Владата предводена од СДСМ, ги интензивира активностите со што ќе се воведе евтина тарифа на струјата по два часа во секој работен ден.
Колку и да се обидува, ВМРО-ДПМНЕ нема да успее преку лажни вести да го спречи воведувањето на евтина тарифа на струјата и да ги блокира реформите за кои што гласаше мнозинството граѓани.
Новиот Закон за енегетика ќе го овозможи основното право на секој граѓанин кое е сега ускратено, а тоа е право на избор од каде ќе се снабдува со електрична енергија. Со новиот закон ќе се заштити интересот на граѓаните.
ВМРО ДПМНЕ гледајки го сопствениот интерес, а не интересот на граѓаните не го донесе законот во предвидениот рок 1 јануари 2015 година до кога требаше да се спроведе Третиот пакет, поради што за непочитување на преземените обврски Европската енергетска заедница отвори спор против Република Македонија.
Со имплементацијата на новиот Закон кој има за крајна цел заштита на интересите на граѓаните, Владата ќе ја врати Македонија на траекторијата на лидери во регионот во оваа област.