СДСМ: Мицкоски бадијала сонува, нема амнестија за криминалот на Груевски

Сподели

 

Од Христијан Мицкоски ја слушнавме истата стара приказна, на нова повторувачка прес конференција.

Фејсбук статусот на Никола Груевски напишан во афект во 3 часот по полноќ, излезе низ устата на Христијан Мицкоски.

Мицкоски сонува за две опции: Прво, Македонија да му даде амнестија на Груевски, второ Македонија да се откаже од НАТО и ЕУ.

Единствено за Мицкоски, и само за него, договорот со Грција е мртов. Во момент кога цел свет дава поддршка на Македонија, Мицкоски му врти грб на целиот свет, само за да го спаси Груевски. Мицкоски е против цела Македонија и против целиот демократски свет.

Она што Мицкоски денеска го побара е спротивно од она што граѓаните го очекуваат и заслужуваат.

Затоа, бадијала сонува, овие желби на Мицкоски нема да се остварат.

Огромно мнозинство од над 80% од граѓаните се за НАТО и ЕУ и затоа стратешката определба на Македонија мора да биде почитувана.

Ако раководството на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по секоја цена одат спротивно од тоа, тогаш единствен излез се предвремени парламентарни избори, организирани веднаш.

Истото тоа огромно граѓанско мнозинство очекува правда над криминалите на фамилијата.

Затоа, нема амнестија за криминалот. Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, без разлика дали Мицкоски се противи на тоа или не.