СДСМ: Новиот предлог-ребаланс на буџетот за владата, барокот е пред граѓаните

Сподели

sdsm-1

-“Наместо владата експресно да им излезе во пресрет на граѓаните обезбедувајќи ги потребните 33 милиони евра преку стопирање на крајно непотребната изградба на панорамското тркало и „Рајската градина“, како и пренамена на средствата во висина од 20 милиони евра веќе обезбедени од четвртата еврообврзница издадена кон крајот на 2015 година, таа скроила план за нови криминали тешки 232 милиони евра”- се вели во соопштението на СДСМ.

Од опозициската партија бараат веднаш, без одложување да се прекине изградбата на овие, како што велат, смешни проекти и да се пренаменат средствата на граѓаните кои втора недела се оставени сами на себе.

– “Со ребалансот, ставката депозити не само што не предвидува на крајот на годината да останат 167 милиони евра, туку предвидува во 2016 да бидат дополнително искористени уште 65 милиони евра. Владата глумејќи помош, наместо да вложи максимални напори да им помогне на настраданите граѓани, се обидува да си обезбеди 232 милиони евра за предизборни манипулации “– се додава во соопштението на СДСМ.