Oд СДСМ очекуваат надлежните институции да го разоткријат случајот со незаконското снимање, но и емитување на снимка која предизвика реакции и барање оставка од пратеникот Павле Богоевски, откако одекна снимен разговор на социјална мрежа од профил со псевдоним „Илија Громовник“, за која Богоевски тврди дека нарачува масло од канабис.
– “Очекуваме сите надлежни и засегнати институции да постапат и да го разрешат случајот, особено и околу неовластеното снимање и емитување. Што се однесува до моралните аспекти, тие се на личната совест и одговорност на секој пратеник. Законите важат за сите подеднакво “– изјави Коста Костадинов, портпарол на СДСМ.