СДСМ преку соопштение реагираше на интервјуто на екс-претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски:
Собранието на Република Македонија има нов претседател на Парламентот, избран согласно Деловникот, законите и Уставот, од парламентарното мнозинство.
Режимот заврши.
Демократските процеси ќе продожат со формирање нова Влада на граѓаните на Република Македонија.
Тоа е мнозинската волја на граѓаните и таа одлучува, а не групата насилници и криминалци.
Формирањето Влада е врвен државен интерес, а дејствувањето против државните интереси е тешко противуставно и казниво дело.
Трајко Вељаноски веќе е директен учесник во сценариото на Никола Груевски, за поттикнување тензии, поделби, омраза. Тој со месеци дозволи кршење на Деловникот на Собранието со што дозволи блокада на демократските процеси, избор на нов претседател на Парламентот и нова Влада и тој веќе противуставно ги загрози граѓанските и државните интереси.
Вељаноски, со ова, заедно со Груевски, Иванов, Чавков е меѓу главните виновници за обидите за убиство на пратеници во Собранието и насилството врз новинари и вработени во него.
Истрагата дополнително ќе ја покаже инволвираноста на Вељаноски во терористичкото зaгрозување на уставниот поредок и безбедноста вечерта за време на крвавото насилство во Собранието.
Насилниците и криминалците ќе одговараат.
Правда и живот за сите брзо ќе има во Република Македонија.