ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно се поразени, граѓаните на Штип на предвремените фер, слободни, демократски и пред се здравствено безбедни избори за градоначалник, му ја дадоа довербата на кандидатот на СДСМ Сашко Николов, се изјаснија за напредок и развој, за грижа и поддршка за сите.
И покрај сите опструкции на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски, кои немаа храброст да дадат противкандидат, да се соочат со граѓаните на избори, покажавме дека остануваме на европскиот пат.
Граѓаните на Штип испратија порака и до бојкотирачот Мицкоски, граѓаните го казнија неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ, избраа грижа, одговорност и стабилност, а не блокади, бојкот, лаги, стравови и хистерии.
Без притисоци, уцени или закани како во некое режимско време, граѓаните застанаа зад чесната понуда и програма, избраа Штип да продолжи напред по правиот пат.
Поразени се деструктивните политики на докажаниот губитник Мицкоски.
Граѓаните избраа демократија, развој, напредок, Мицкоски останува сам на браникот на криминалот.
соопштение