Наскоро започнува проектот „Младинска картичка“ која овозможува попусти и привилегии за младите лица од 15 – 29 години. Како што јавно соопшти Агенцијата за млади и спорт, до крајот на месецот ќе биде објавен јавниот повик до младите да аплицираат за „Младинска картичка“, а очекувањата се дека најмалку 30.000 млади ќе ја искористат оваа можност.
Веќе се склучени договори со над 300 субјекти (кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, железница и други) кои за младите ќе обезбедат одредени попусти на нивните услуги.
Владата предводена од СДСМ продолжува со проекти и политики со кои се подобрува младинскиот стандард и животот на младите.
Откако минатата година пилот проектот Младинска гаранција кој се одвиваше во 3 општини обезбеди вклучување на преку 5.000 млади од кои 1.800 добија вработување оваа година овој проект ќе се одвива во сите градови со што се очекува значително да се зголеми бројот на млади кој ќе бидат опфатени со оваа мерка.
Владата предводена од СДСМ останува посветена на заложбите да обезбеди иднина која ќе ги задржи младите дома и тука да градат иднина.
Затоа е потребно да продолжат позитивните промени, а тоа ќе се случи со победа на Стево Пендаровски на претседателските избори, кој најголема поддршка ќе добие токму од младите.
Само со Стево како претседател, младите можат бидат сигурни дека развојот на државата се забрзува, дека се отвораат европските врати и секој млад ќе може да живее како неговите врсници ширум Европа – стои во соопштението на СДСМ.
Затоа младите масовно ќе гласаат за Стево, ќе гласаат да продолжиме заедно напред.