СДСМ: Се излажал Груевски ако се надевал дека правдата нема да излезе, откако му излезе шилото на вистината

Сподели

Соопштение на СДСМ:

sdsm-logo[1]

“Пропадна безобразниот обид на поранешниот премиер Никола Груевски, за сопствен спас да ги лаже граѓаните со жолти комбиња, тактички опреми, клонирани базни станици.”

Со вчерашната одлука на Специјалното јавно обвинителство, да се откаже од обвинителен акт против претседателот на СДСМ, Зоран Заев и другите лица во таканаречениот случај Пуч се потврди:

-“Груевски е фатен во обидот да монтира политички случај наречен Пуч, со надеж дека ќе се извлече од скандалот со нелегалното прислушување, за што сите патишта водат до него и неговиот братучед Сашо Мијалков.

Груевски и криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ затоа се единствените на кои им пречи независната институција Специјално јавно обвинителство, инаку формирана и со потпис на Груевски на Договорот од Пржино и со гласовите на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Р.Македонија.”

 -“Се излажал Груевски ако се надевал дека правдата нема да излезе, откако му излезе шилото на вистината. Правдата е таква, секој одговара за своите постапки и Груевски може само на себе да е гневен.

Да се биде против вистината и правдата, да се брани криминал и да се лаже на голем верски празник, како што тоа го направи денеска Антонио Милошоски покажува дека раководството на оваа партија не само што е вовлечено во незаконски активности, туку нема никакво допир со христијанските вредности.

Граѓаните знаат дека соработникот на Груевски, Милошоски, го напуштил Никола Груевски уште пред да завршат изборите кога одлучил да работи нотар што е доказ за неговото лицемерие, посебно што продолжува да им се обраќа од двојна позиција нотар – пратеник, додека илјадници луѓе се оставени без работа и егзистенција.”