СДСМ го осудува нападот врз Љупчо Палевски – институциите да го расветлат случајот

Сподели

 

 

СДСМ остро го осудува физичкиот напад врз Љупчо Палевски од движењето Трета.

Во модерно, демократско општество, недозволиво е какво било насилство врз кој било поединец.

Очекуваме надлежните институции брзо да го расветлат случајот, да ги пронајдат сторителите и тие да бидат соодветно санкционирани.

Времето на неказнивост на насилството одамна заврши, сега е време на одговорност и секој што сторил насилство ќе се соочи со законите и правдата, соопштуваат од СДСМ.