Проектот Сончев град е само еден од бројните криминални проекти на носителот на криминалот и режимот Никола Груевски.
За да се задоволат криминалните апетити и да се остварат личните желби на Груевски потрошени беа 7 милиони евра, пари на граѓаните, за промашен и небезбеден пат, а истовремено уништена е огромна површина зеленило на планината Водно.
Дополнително, поради пропаднатиот договор за изградба на населбата Сончев град, Груевски и неговите криминални соработници ја оштетиле државата за уште еден милион евра пари на граѓаните, за што во моментов се води и судски спор пред надлежниот суд.
Пропаднатиот проект Сончев град што криминалното раководство на ВМРО-ДПМНЕ на чело со Никола Груевски го најавуваше цела деценија зад себе остави само милионски штети врз Буџетот и уништено зеленило на Водно.
Овој пример е уште една потврда дека за сите вакви штети врз граѓаните и буџетот одговорност мора да има.
Криминалот, деструкцијата и расипништвото беа симбол на раководството на ВМРО-ДПМНЕ предводено од Груевски. Одбраната на криминалот на Груевски пак е суштина на делувањето на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Христијан Мицкоски.
Пионот Мицкоски е продолжена рака на неговиот ментор и шеф, Никола Груевски.
Затоа антизападното раководство на ВМРО-ПДМНЕ и Христијан Мицкоски се против ЕУ и НАТО.
На антизападниот Мицкоски треба да му биде јасно дека не може да ги одбрани криминалите на неговиот ментор Груевски, ниту на неговите соработници.