СДСМ: Заврши времето на тајно задолжување за луксуз и богатење, ќе следува одговорност за сите злоупотреби

Сподели

Не постои поголемо задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11 годишното расипничко и криминално владеење.

ВМРО-ДПМНЕ нетранспарентно и тајно ги задолжуваше граѓаните, а парите од задолжувањата ги користеше за лускуз, непродуктивни трошоци и сопствено криминално богатење, со што граѓаните и идните генерации ги задолжи со јавен долг од над 50% од БДП.

Промените се тука и се гледаат. За секое задолжување, Владата транспарентно ги известува граѓаните, и секој преземен чекор е во согласност со интересите на граѓаните. Заврши времето на децениското расипничко и нетранспарентно трошење на буџетските средства. За сите злоупотреби на пари на граѓаните, ќе следува одговорност!